102
Манчестер Сити синоќа победи на гостувањето кај Борнмоут и се искачи на второто место на табелата, но се не беше така добро за тимот на Пеп Гвардиола. По 15 минути игра новата ѕвезда во тимот, Габриел Жесус го напушти теренот поради повреда на зглобот, а во игра влезе Агуеро.
„Утре ќе знаеме поконкретно за повредата. Вечерва ќе се молам да не е нешто сериозно“ – изјави Гвардиола по вчерашниот натпревар.
„Но Агуеро одигра добро, се бореше и постигна гол. Ваквите мечеви се добри за неговата самодоверба и среќен сум за него“.