Гвардиола ќе прави голема летна чистка, Сити ќе го напуштат осум шампиони

by bojan
1 минути читање
Гвардиола

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Манчестер Сити и Пеп Гвардиола ќе направат голема чистка по крајот на сезоната и клубот ќе го напуштат осум фудбалери.

„Граѓаните“ имаа очајна сезона, далеку се од битката за титулата во Премиерлигата, а синоќа беа елиминирани и во Лигата на шампионите.

Многу работи не „штимаат“, па се шпекулира дека Пеп Гвардиола летоска ќе прави голема чистка и ќе си заминат осум фудбалери кои беа дел од шампионскиот тим.

На продажба одат Џек Грилиш, Кевин де Брајне, Бернардо Силва, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, Илкај Гундоган и Едерсон.

Се очекува и Кајл Вокер да направи перманентен трансфер откако ќе му заврши позајмицата во Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×