Гвардиола ќе прави чистка, во опасност се дури 18 играчи!

by
2 минути читање

Првата сезона на
Пеп Гвардиола на кормилото на „Граѓаните“ не оди според планот и покрај тоа што
стратегот добро ја започна авантурата на „Островото“.

Манчестер Сити е
далеку од битката за титулата во Премиерлигата а вчера доживеа и
елиминација во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Па според
денешното издание на Гардијан, Пеп Гвардиола летоска ќе прави чистка и клубот
од Етихад стадионот се подготвува за најголемата реконструкција во ерата на
шеикот Мансур.

Весникот пишува
дека дури 18 играчи се во опасност.

Седум играчи од
сегашниот состав се под договор до јули: Јаја Туре, Гаел Клиши, Пабло Забалета,
Вили Кабаљеро, Хесус Навас, Бакари Сања и Тосин Адарабиојо.

Петмина се на
позајмица: Џо Харт, Елиаким Мангала, Самир Насри, Вилфред Бони и Џејсон
Денајер.

Исто така под
знак прашалник е и иднината на Кун Агуеро кој беше седнат на клупа кога новото
засилување Габриел Жесус блескаше, секогаш повредениот Винсент Компани, играчите
кои имаат многу мала минутажа како Фабиан Делф, Фернандо и Келечи Ихеначо, а тука е
и Александар Коларов.

Секако, Пеп
Гвардиола не може да се раздели со сите овие играчи, но се очекува да направи
голем рез во составот.

Гардијан исто
така додава дека стратегот летоска на располагање ќе има трансфер буџет од најмалку
150 милиони фунти а приоритет е засилување на одбраната.

Шпанецот сака нов
лев и десен бек, како и нов централен дефанзивец.

Голманската позиција
одново ќе биде разгледана, а доколку Агуеро замине, ќе се бара и нов напаѓач.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани