Во текот на вчерашниот ден во јавноста се појавија шпекулации дека Пеп Гвардиола може да го напушти Манчестер сити, а денеска тоа беше тема и на прес-конфнеренцијата на „граѓаните“.
„Атлетик“ дури и пишуваше дека Енцо Мареска е фаворит да го наследи Шпанецот. Сепак, според зборовите на самиот Пеп во Сити во блиска иднина нема да видиме смена.
„Во последните три-четири години секогаш во одреден перод ме прашувате дали ќе замина. Порано или подоцна…не знам, можеби кога ќе имам 75 или 76 години. Разбирам да се зборува за тоа кога ми истекува договорот, меѓутоа имам уште 18 месеци. Навистина сум пререќен и возбуден од развојот на тмот тука. Тоа прашање во одредени моменти секогаш се појаввува“, одговори Гвардиола.