Гвардиола јасен: Јас одлучив Де Брујн да биде на клупа!

by Стефан
1 минути читање

Кевин Де Брујн не блеска како минатата сезона, но сепак се очекуваше да биде помеѓу стартерите, сепак Пеп одлучи поинаку.

Пред новинарите Гвардиола сега и призна дека Де Брујн не бил повреден, туку исклучиво негова била одлуката тој да не биде на теренот од првата минута.

„Де Брујн не беше во првиот состав и тоа беше само моја одлука, не стануваше збор за повреда. Јас носам такви одлуки и го правам она што сметам дека е најдобро за тимот во тој момент. Да, можеше да игра против Реал Мадрид, но одлуката да остане на клупата беше моја“, изјави Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани