896
Пеп Гвардиола реши фудбалерите да спијат во тренинг центарот на Манчестер Сити вечерта на Божиќ и порача дека не очекува негативна реакција бидејќи ова им е работа.
„Граѓаните“ имаат само една победа на последните 12 натпревари, па Пеп Гвардила нема намера да им дозволи на фудбалерите да се релаксираат на Божиќ со цел максимално да бидат подготвени за пресметката со Евертон.
Стратегот решил играчите утрото на Божиќ да бидат со своите семејства, а вечерта сите заедно да преспијат во тренинг центарот на Манчестер Сити.
За оваа одлука, која сигурно не е популарна, Пеп Гвардиола вели: „Се надевам дека навстина сакаат да бидат тука и нема да има негативна реакција бидејќи ова ни е работа“.