Гвардиола изедначи рекорд стар 37 години, Сити до нов трофеј од Лига купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Граѓаните“
прилично сериозно го сфаќаат Лига Купот, па трета година по ред стигнуваат до
трофејот. Денеска, Манчестер Сити со 2-1 славеше во пресметката со Астон Вила.

Со головите на
Агуеро и Родри, Сити поведе со 2-0, а пред крајот на првиот дел Самата
искористи една грешка на Стоунс и намали на 2-1.

Во продолжението
од мечот, двете екипи имаа свој шанси, Астон Вила можеше да се избори за
продолженија, но обидот на Мингс во 89. минута од мечот, Браво го одбрани со помош
на пречката.

На крајот,
Манчестер Сити се радуваше на трет трофеј во низа во Лига Купот, а Пеп Гвардиола
изедначи постигнување на Боб Пејсли старо 37 години. Англичанецот во периодот
од 1981 до 1983 три пати по ред триумфираше во Лига Купот како тренер на
Ливерпул. Таа генерација на „црвените“ четири пати во низа го освојуваше овој
трофеј, па „граѓаните“ можеби до година ќе го изедначат и овој рекорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×