Гвардиола им се чуди на медиумите: Невозможно е да променам 13 играчи

by
2 минути читање

„Граѓаните“ во
средата доживеаја елиминација од Монако во осминафиналето од Лигата на
Шампионите, па медиумите веднаш најавија дека Пеп Гвардиола ќе прави чистка.

Различни медиуми
пишуваа за различни бројки, некои велеа дека стратегот ќе промени 13 играчи а
некои пишуваа дека дури 18 фудбалери се во опасност.

Пеп Гвардиола
попладнево се огласи по ваквите стории и вели дека е невозможно да се направат
вакви промени во составот.

„По дуелот со
Монако многу луѓе велат дека ќе промениме 12 или 13 играчи. Но во денешно време
тоа е невозможно

вели менаџерот на Сити. „Треба да бидете малку пореални“.

„Тие можеби имаат
договор и ќе треба да им ја исплатите целата плата. Па да потрошите по 40-50
милиони фунти на секој играч, тоа значи дека треба да потрошите 500-600 милиони
фунти
.

„Секако дека ќе
се обидеме да го подобриме тимот, но невозможно е да се направат толку многу
промени
.

„Заодоволен сум
од составот кој го имаме, имаме солидна основа и следната сезона ќе бидеме уште
подобри
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани