Синоќа, вест на денот беше одлуката на „ѓаволите“ да му укажат доверба на Оле Гунар
Солскјер и да го наградат со три годишен договор. Норвежанецот во декември пристигна
само како привремено решение, но за кратко време ги убеди сите дека заслужува шанса.
Маурисио Покетино
се најавуваше како прва желба на Манчестер јунајтед за нов тренер, но
Аргентинецот вели дека никогаш немало ништо конкретно.
„Сакам да му
честитам на Оле и му посакувам се најдобро во иднина откако сега и официјално е
нов тренер на Манчестер јунајтед“ – вели Покетино.
„Не сакам да
зборувам за гласини, постојано има шпекулации и јас не можам да сторам ништо
околу тоа. Доколку не ме поврзуваат со Манчестер јунајтед, сигурно ќе ме
однесат во некој друг клуб“.
„Но јас се
фокусирам само на мојата работа“.
Честитки за
Солскјер пристигнаа и од Пеп Гвардиола, кој е на кормилото на лутиот градски
ривал Манчестер Сити.
„Манчестер
јунајтед секогаш е голем противник. Сакам да му честитам на Оле, резултатите
кои ги донесе за краток период се неверојатни и му посакувам се најдобро“ –
порача Шпанецот на денешната прес конференција.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.