229
Пеп Гвардиола го стави Ерлинг Халанд во друштво со Лео Меси и Кристијано Роналдо откако Норвежанецот постави рекорд во Лигата на шампионите.
Халанд со погодокот против Наполи стана фудбалерот кој најрано стигнал до 50 голови во Лигата на шампионите, му требаа само 49 натпревари.
Рекордот го прокоментира Пеп Гвардиола.
„Халанд постигна 50 голови во 49 натпревари… Ерлинг, Лео Меси, Кристијано Роналдо, тие се од друга планета“, вели Гвардиола.
„Не е лесно за Ерлинг, секогаш е опкружен со многу дефанзивци околу него, но тој е фантастичен. Оваа сезона напредува“.