Гвардиола го почнува јануарскиот шопинг со 50 милиони евра, Сити добива засилување во одбраната

by bojan
1 минути читање
Хусанов

Неколку извори пренесуваат дека Манчестер Сити го договорил првото засилување во зимскиот преоден рок, на Етихад ќе пристигне Абдукодир Хусанов од Ленс во зделка вредна околу 50 милиони евра.

„Граѓаните“ по четири години доминација во Премиерлигата, оваа сезона влегоа во резултатска криза и црна серија, па ќе го одврзат ќесето за да бидат поконкурентни во продолжението.

Пеп Гвардиола го почнува јануарскиот шопинг со 50 милиони евра, неколку извори пренесуваат дека паднал договор за трансфер на Абдукодир Хусанов од Ленс.

Узбекистанецот важи за еден од најперспективните дефанзивци, па Манчестер Сити и Ленс си подале рака за зделка вредна околу 50 милиони евра сосе бонуси.

Актуелниот шампион на Англија сака овој месец да ангажира четири нови имиња, и се говори дека по трансферот на Абдукодир Хусанов, ќе тргне во офанзива по потписот на Омар Мармуш од Ајнтрахт Франкфурт.

Манчестер Сити веќе ги има договорено личните услови на Египјанецот и сега треба да пронајде заеднички јазик со Ајнтрахт Франкфурт.

„Орлите“ бараат околу 80 милиони евра за продажба на офанзивниот фудбалер, додека пак „граѓаните“ веруваат дека сумата помеѓу 50 и 60 милиони евра е фер цена. Останува да се види каков компромис ќе биде пронајден помеѓу двете страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани