Пеп Гвардиола, кој е познат по тоа што бара неговите тимови секогаш да го имаат поседот на топката и да играат убав фудбал, беше гостин кај Гери Линкер и разговараа за проблемите на селекцијата на Англија.
Стратегот од Шпанија беше запрашан дали директниот фудбал, кој е препознатлив за „Островото“, е причината поради која „Трите Лава“ се мачат.
„Мислам дека не. Во нациналниот тим има играчи како Даер, Дели Али, Рашфорд, Стерлинг, Стоунс, Вокер, Хендерсон, Лалана. Тоа се играчи кои имаат квалитет и знаат да играат фудбал“ – вели Пеп Гвардиола.
„Го гледам Челси, го гледам Тотенхем, сакаат да играат фудбал. Манчестер јунајтед игра на долги топки кон Погба и Фелаини“.
Дополнително запрашан дали ова е ситна провокација за лутиот градски ривал, Пеп Гвардиола додаде: „Имам глема почит за моите соседи“.