Во пресрет на Комјунити Шилд и почетокот на новата сезона во Англија, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола испрати провокација до Манчестер јунајтед и Арсенал, вели дека ривалите со години трошат многу пари на засилувања.
Новата сезона во Премиерлигата ќе почне следниот викенд, а како увертира, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед денеска ќе се борат за трофеј во Комјунити Шилдс.
На средбата со новинарите, Пеп Гвардиола беше запрашан дали е загрижен поради тоа што ривалите трошат многу пари на засилувања, а стратегот реши како одоговор да испрати провокација до Манчестер јунајтед и Арсенал.
„Па тие со години трошат многу пари, ова не е ништо ново. Но се крева галама само кога Сити троши пари. Секако дека сум загрижен, но загрижен сум со години“ – вели Шпанецот.
„Загрижен сум бидејќи тие секоја година стануваат се подобри. Дали видовте како одигра Арсенал против Баер Леверкузен, летаа по теренот. Секоја сезона е се потешка. Манчестер јунајтед ќе се врати, сигурен сум, донесоа нови засилувања“.
„Сите сакаат да не симнат од тронот на кој седиме четири години“.