Гвардиола ги казнил фудбалерите – укината долгогодишната пракса за Божиќ

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер сити и понатаму е во голема криза на која засега не и се гледа крајот, па Гвардиола одлучи да скрати една вообичаена пракса за фудбалерите.

Актуелните шампиони утре од 13:30 часот ќе го пречекаат Евертон, а пред овој натпревар фудбалерите нема да можат да уживаат со семејствата за Божиќ на ист начин како и во изминатите години.

Долгогодишна пракса на клубот е фудбалерите вечерта пред секој натпревар да ја поминат во тренинг центарот, но исклучок е празникот Божиќ. 

Сепак, според последните информации кои ги пренесува „Мирор“ на фудбалерите денеска им било дозволено само во првата половина од денот да бидат со своите семејства, а веќе по ручекот тие морале да се појават во тренинг центарот.

„Се надевам дека сакаат да бидат тука затоа што тоа е наша работа“, изјавил Гваардиола.

Во овој момент избраниците на Пеп Гвардиола заостануваат цели 12 бода зад лидерот Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани