582
Манчестер Сити доживеа пораз на свој терен од 2-0 против Ливерпул, но Пеп Гвардиола е задоволен од изданието на неговиот тим.
Манчестер Сити игра лоша сезона, испадна во Лигата на шампионите, во Премиер лигата заостанува 20 бодови зад Ливерпул, но Пеп не е разочаран.
„Одигравме навистина добар натпревар, тесно беше во првото полувреме, а потоа во второто Ливерпул добро се бранеше. Нивниот комплетен тим беше во шеснаесетникот и тоа не е начинот на кој сакаат да играат, ни ги принудивме да бидат повлечени. Можам да им честитам, но и сум задоволен од тоа како ние игравме“, изјави Гвардиола.