Ајакс го
елиминираше Јувентус во патот до финалето од Лигата на шампионите оваа сезона,
откако холандскиот тим дојде до нова сензација по онаа во осминафиналето против
Реал Мадрид.
Се верува дека
Старата дама сериозно размислува што понатаму со Масимилијано Алегри, кој јавно
испрати порака дека останува во Торино, но, прашање е дали истото го мисли и
клубот.
Италијанскиот
шампион веќе ја осигура титулата во Серија А сезонава, вкупно осма во низа, но,
доаѓањето на Кристијано Роналдо не помогна за европска титула.
Клубот сериозно
ги разгледува сите опции за тренерското столче, како и тоа дали да продолжи со
Алегри, Ил Џорнале пишува дека Пеп Гвардиола е можниот наследник на клупата на
Старата дама и тоа на лето.
Гвардиола би бил
добредојден за Роналдо, а истовремено се верува дека каталонскиот фудбалски
стратег би го извлекол најдоброто од Дибала во дресот на Старата дама, откако
Аргентинецот е во сериозна сенка на Португалецот.