Гвардиола џентлменски одговори на прашањето кој е подобар, тој или Сер Алекс Фергусон?

by bojan
1 минути читање
Гвардиола

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола доби прашање кој е подобар, тој или Сер Алекс Фергуосн, а Шпанецот џенлменски одговори и порача дека му е чест што може да биде споредуван со легендарниот Шкот.

Сер Алекс Фергусон оваа недела е во фокусот по одлуката на Манчестер јунајтед да му врачи отказ на својот најуспешен тренер како дел од процесот за кратење на трошоците.

Во пресрет на натпреварот помеѓу Вулверхемптон и Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше прашан што мисли за дебатата која ја водат навивачите и тоа кој е подобар, тој или Сер Алекс Фергусон.

„На „островото“, па и секаде во светот, Сер Алекс Фергусон е најдобар. За времето поминато на клупата на Манчестер јунајтед, за промените кои ги направи, тимовите кои ги креираше, титулите кои ги освои…“ – вели Пеп Гвардиола.

„Тоа што сум блиску до еден од најважните тренери на сите времиња е сосема доволно за мене, тоа е огромна чест за мене“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани