Гвардиола денеска можеби го најави еден од најизненадувачките трансфери ова лето

by Стефан
1 минути читање

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола oдлучи дербито од второто коло во Премиер лигата против Тотнем да го започне без Бразилецот Едерсон, кој до денеска секогаш беше прв избор меѓу стативите на „граѓаните“.

Во последните денови интензивно се шпекулира за можен трансфер на Џанлуиџи Донарума, кој веќе се збогуваше со навивачите на ПСЖ. Дополнителна доза на неизвесност околу иднината на Едерсон донесе и изјавата на Гвардиола пред мечот.

„Ќе почекаме до натпреварот со Брајтон. Потоа завршува преодниот рок и ќе знаеме на што точно можеме да сметаме“, рече Каталонецот.

На голот против Тотнем шанса доби 22-годишниот Џејмс Трафорд. Треба да се потсети и дека Донарума има само 26 години и би можел долго време да биде прв избор на голот на „граѓаните“, секако, ако ги исполни очекувањата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×