Гвардиола „без влакна“ на јазикот – испрати јасна порака до Грилиш!

by Стефан
1 минути читање

Манчестер сити го победи Вест Хем и така по подолго време „граѓаните“ успеаа да дојдат до две победи во низа, но Џек Грилиш не може да биде премногу задоволен од индивидуалната минутажа.

Грилиш бидејќи не е во најдобра физичка форма прво не беше во комбинација за настап со Евертон, потоа остана клупата против Лестер, а против Вест Хем одигра само седум минути.

Предност од Гвардиола добива Савињо и шпанскиот стратег не криеше дека лошата форма на фудбалерот од средниот ред е причината што е повеќе надвор од тимот.

„Мора да се бори со самиот себе. Савињо во овој момент е во подобра форма и игра пред него. Го сакам „стариот Џек“, мора да се бори за својата позиција. Секој ден, секој натпревар, секоја недела“, изјави Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани