Пеп Гвардиола против Ливерпул ќе го има натпреварот број 1.000 како тренер, Шпанецот се смета за еден од најдобрите во историјата иако никогаш тоа не му била главна цел.
Манчестер Сити во недела го пречекува Ливерпул, а дербито на „Етихад“ ќе биде натпреварот број 1.000 на Пеп Гвардиола како тренер.
54 годишниот стратег до овој момент забележа 715 победи и може да се пофали со 12 шампионски титули како предводник на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити, како и три трофеи во Лигата на шампионите.
„Можеби изгледа како лажна скромност, кога процентот на победи е над 70%, тоа значи дека на секои десет натпревари, победуваме на седум, а нерешено играме еден или два. Тоа може да се случи бидејќи сте во клубови како Барселона, Баерн Минхен и Манчестер Сити со играчите кои ги имам на располагање. Но не е само тоа, има и многу напорна работа. Голема посетеност, страст и љубов – и во тоа никој не може да ме победи“ – вели Пеп Гвардиола.
Pep Guardiola on those who claim he is the greatest manager of all time 🐐
— Hayters TV (@HaytersTV) November 7, 2025
"They are completely right." 😂 pic.twitter.com/AkxB6csndE
Еден новинар потоа почна да поставува прашање за тоа дека многумина сметаат дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер во историјата, а Шпанецот без да го дочека крајот одговори: „Тие се потполно во право!“
„Видете, секој тренер имал своја улога и влијание низ историјата. Можам да кажам дека и јас сум дел од тоа, бројките го покажуваат тоа. Имам забележано големи успеси, а моите тимови играат и убав фудбал“.
„Па да, мислам дека можам да се вбројам. Но на почетоците, никогаш не сум сакал да бидам најдобар, никогаш тоа не ми било главната цел“
ФОТО: X/Manchester City