Гвардиола: Ако утре не победиме, сè ќе биде завршено!

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го опиша утрешниот дуел против Вест Хем Јунајтед како еден од клучните во борбата за шампионската титула во Премиер лига, каде што главен ривал им е Арсенал.

Иако двата тима допрва треба да одиграат и меѓусебен натпревар во Манчестер на 19 април, Гвардиола нагласи дека Сити нема простор за кикс во следниот меч.

„Премиер лигата е најтешкото првенство за освојување. Сè уште сме во трка, но ако не победиме утре, работите практично ќе бидат завршени“, изјави шпанскиот стратег.

Од друга страна, Вест Хем води битка за опстанок во лигата. Тимот се наоѓа во зоната за испаѓање со ист број бодови како Нотингем Форест, но со послаба гол-разлика. Сепак, формата на „чеканите“ во последниот период е подобрена, па во последните пет првенствени натпревари имаат само еден пораз.

Новинарите го прашаа Гвардиола и за реваншот во Лига на шампиони против Реал Мадрид, кој следува во средината на неделата по поразот од 3-0, но тренерот на Сити не сакаше подетално да го коментира тој дуел.

Натпреварот меѓу Вест Хем и Манчестер Сити е закажан за утре од 21:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×