951
Пеп Гвардиола вели дека нема шанси да го напушти Манчестер Сити во оваа ситуација кога тимот го има најголемиот пад во формата.
Манчестер Сити се наоѓа во најлошата форма откако Пеп Гвардиола е тренер на овој тим. Граѓаните имаат очајни резултати и во Премиерлигата и во Лигата на шампионите.
„Воопшто не жалам што потпишав нов договор. Ако го напуштам Сити во оваа ситуација не би можел да спијам. Тоа е невозможно. Тие можеби ќе ме отпуштат, тоа е реално, но сам да заминам од оваа позиција во овој период, тоа е невозможно“, вели Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити денеска од 17:30 часот го пречекува Манчестер јунајтед во големото градско дерби.