Гвардиол се повреди, па Сити веднаш договори негов заменик

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Сити се соочи со сериозен проблем по повредата на Јошко Гвардиол, кој се здоби со повреда во дербито против Челси, но англискиот шампион експресно пронајде решение.

Како што објави реномираниот новинар Фабрицио Романо, „граѓаните“ одлучиле да го отповикаат младиот дефанзивец Макс Алејн од Вотфорд, со што тој предвреме ја завршува позајмицата и се враќа на „Етихад“.

Алејн оваа сезона одигра 17 натпревари за Вотфорд во Чемпионшип-лигата и со стабилните настапи остави позитивен впечаток, што било доволно Пеп Гвардиола да му укаже доверба и да го вклучи како алтернатива во одбраната.

Очекувањата се дека младиот англиски дефанзивец ќе добие шанса во првиот тим и ќе се обиде да ја пополни празнината настаната по повредата на Гвардиол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×