Гвардиол: Многу од нас не се ни свесни што направивме

by
1 минути читање

Со исклучок на мечот против Аргентина, Јошко Гвардиол имаше перфектно Светско првенство, иако е многу млад, делува како да е исклучително искусен. Тој е еден од најзаслужните што Хрватска дојде до бронзата на Светското првенство.

„Многу од нас не се свесни што направивме. Покажавме дека се е можно кога е најтешко. Тешко е да се опише ова чувство. Пред четири години на море ги следев натпреварите на Хрватска и гледав како на нашите играчи им беше тешко таму“, вели Гвардиол.

„Оваа победа им ја посветувам на моите родители. Без нив не би бил тука. Се радуваме на враќањето во Загреб и славјето со нашите фамилии“.

Имаше една спорна ситуација во шеснаесетникот на Мароко кога Гвардиол беше фаулиран.

„Не сум сигурен дали беше пенал. Ме закачи по нозете, но тоа сега не е важно“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани