Легендарниот Гути е еден од најдобрите фудбалери во историјата на Реал Мадрид и за „кралевите“ одигра 542 натпревари во 15 години колку што помина во клубот.
Сега во едно гостување доби задача да ги избере најдобрите 11 во историјата на „кралевите“.
Изборот на Гути привлече големо внимание, но и негативни коментари бидејќи добар дел од фановите на гигантот од Мадрид не се согласуваат со него.
Во тимот на Гути нема фудбалери како: Модриќ, Зидан, Рамос, Бензема, Касиљас…
Посебно интересно е што во тимот Гути најде место за сегашните фудбалери Белингем, Родриго и Винисиус. Исто така се стави и самиот себе во средниот ред.