Гурбанов: Мораме да се бориме за секоја топка, Шкендија е опасен тим

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Шкендија утре во Скопје го игра првиот натпревар од двомечот во второто квалификациско коло против екипата на Карабах.

Стратегот на Карабах, Гурбан Гурбанов денеска ја одржа официјалната прес-конференција на која покажа респект кон македонскиот претставник.

„Натпреварот утре ќе биде многу важен. Фактот што првиот натпревар се игра тука е предност за противникот. Шкендија е добро подготвен тим и ќе мораме да бидеме претпазливи и да покажеме каактер од првата минута. Овој фактор сигурно ќе биде многу важен, мораме да се бориме за секоја топка. Се надевам дека во реваншот дома ќе се вратиме со позитивен резултат“, изјави Гурбанов.

Натпреварот помеѓу Шкендија и Карабах е закажан за во терминот од 20:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×