Илкај Гундоган упати многу замерки до соиграчите по поразот на Манчестер Сити од Јувентус во Лигата на шампионите, смета дека изгубиле премногу топки и му овзоможиле на противникот преку контри лесно да постигне гол.
Кризата на „граѓаните“ продолжува откако вчера избраниците на Пеп Гвардиола загубија на гостувањето во Торино, Јувентус славеше со 2-0.
По крајот на натпреварот, Илкај Гундоган упати многу замерки до соиграчите.
„Многу сум разочаран, имавме шанси да постигнеме неколку голови… но на моменти имам чувство дека примаме гол од секој напад на противникот. Мислам дека понекогаш сме многу невнимателни во дуелите, наместо да играме едноставно, ги комплицираме работите. Им овозможуваме контри на противниците и потоа треба да трчаме 50-60 метри назад, а ние не сме таков тим, ние сме тим кој сака да го има поседот на топката“ – вели Илкај Гундоган.
„Мислам дека имаме и психолошки проблем, ако загубиме топка или погрешиме при додавање, лесно се откажуваме и го губиме ритамот“.
„Мора да почнеме да играме едноставно, и полека да ја вратиме самодовербата. Ова е мое лично мислење и сметам дека секој играч треба да стави прст на глава, добро да размисли и да се праша како може да даде поголем придонес“.
Со ваквите коментари, Илкај Гундонга го налути Пеп Гвардиола.
„Што кажал Гундоган? Не, не, немаше нешто такво денеска. На претходните натпревари можеби, но денеска не. Одигравме навистина добро. Не стигнавме до посакуваниот резултат, но задоволен сум од играта“ – прокоментира тренерот на Манчестер Сити.