Низ медиумите кружат различни гласини за ситуацијата на Илкај Гундоган, едната верзија е дека фудбалерот сака да замине, другата е дека Барса сака да го избрка поради високата плата.
Илкај Гундоган не доби повик за воведниот натпревар во Ла Лига против Валенсија, во прв момент се говореше дека Германецот е повреден, но потоа почнаа да кружат гласини дека фудбалерот од средниот ред побарал да замине од Камп Ноу.
Иднината на Илкај Гундоган е топ тема во трансфер гласините изминативе денови и кружат различни информации.
Едната верзија е дека фудбалерот сака да замине, а другата е дека Илкај Гундоган сака да продолжи, но Барселона е таа која намерно ги пласира ваквите гласини бидејќи сака да го избрка поради високата плата.
Доколку Илкај Гундоган замине, со неговата плата ќе се отвори простор за регистрација на Дани Олмо и другите играчи.
Последните информации велат дека Илкај Гундоган прифатил да замине, и како една опција е враќање во Манчестер Сити.
Клубови од Саудиска Арабија исто така внимателно следат што се случува, исто како и Галатасрај и Фенербахче.