Еден од најискусните играчи на Манчестер Сити, германскиот играч за врска Илкај Гундоган ја коментираше сезоната.
Гундоган е свесен дека ѕвездениот Сити мораше да има пад по успешните години. Исто така тој посочи дека е нормално што останатите сакаат да го видат нивниот пад.
„Тука има неколку играчи со многу искуство, а тоа носи одговорност. Иако во речиси секоја сезона минувавме главно низ позитивни моменти и освојувавме трофеи, секогаш знаевме дека ќе дојде момент кога работите ќе станат тешки. Гладта кај останатите да нè победат само расте. Не верувам дека сите сакаат да нè гледаат како освојуваме титули секоја година, така што ова е нормално“, изјави Гундоган.
Манчестер Сити сезонава ќе треба да се бори за пласман во Лигата на шампионите. Трката ќе биде доста тешка, а добра вест е фактот дека веројатно Англија ќе добие дополнително место поради ранкингот.