Ѓулер слепо му верува на Чаби Алонсо: Ако ми каже да играм како голман, со трчање ќе купам ракавици

by bojan
1 минути читање

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Арда Ѓулер сериозно се наметна во првиот тим кај Чаби Алонсо, му се допаѓаат идеите на Шпанецот, па вели дека ако требе ќе игра и како голман.

Арда Ѓулер ја игра својата трета сезона во белиот дрес, Турчинот од Чаби Алонсо доби нова задача и треба да ја надополни креацијата во средниот ред која претходно ја даваа Тони Крос и Лука Модриќ.

Тој одлично се снајде во улогата и сериозно се наметна во првиот тим, и очигледно му годи соработката со Шпанецот, па слепо им верува на неговите замисли.

„Имам целосна доверба во неговите планови, ако еден ден ми каже да играм како голман, со трчање ќе купам ракавици“ – вели Арда Ѓулер.

Младата ѕвезда исто така има само пофални зборови за Карло Анчелоти, и покрај тоа што често беше разочаран поради малата минутажа.

„Карло е еден од најдобрите во историјата. Да не забораваме дека на прес кажа дека ќе бидам еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во светот. Давиде (неговиот син и асистент) секогаш се обидуваше да ми помогне. Многу сум им благодарен. Ми беше тешко кога не играв, но ја остварив својата амбиција, ги дочекав моите 5 минути“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×