Фудбалерот на Реал Мадрид, Арда Ѓулер не сакаше да остане покус на провокациите на Доменик Собосли на социјалните мрежи, па со зајадлив коментар му одговори на фудбалерот на Ливерпул.
На синоќешниот натпревар помеѓу Унгарија и Турција во баражот за влез/излез во Лигата А, Доменик Собослаи и Арда Ѓулер влегоа во вербална расправија, младиот фудбалер на Реал Мадрид стави прст на уста и му порача на поискусниот колега да замолчи.
„Војната“ потоа продолжи на социјалните мрежи, Доменик Собослаи остави коментар „1088“ алудирајќи на минутите кои Арда Ѓулер ги одиграл за Реал Мадрид оваа сезона.
Турчниот има мала минутажа, ама и долг јазик па не остана покус и излезе со провокативна објава на социјалните мрежи.
Го постираше резултатот од синоќешниот натпревар помеѓу Унгарија и Турција, моментот кога го прави гестот со прст на уста и напиша: „Дечково е смешка. Зарем не ти се доста 6 парчиња за да замолчиш?“
