Ѓулер го замолкнуваше Собослаи, а тој со бројка му одговори на социјалните мрежи! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Арда Ѓулер даде гол во победата на Турција во Унгарија со 3-0, а фудбалерот на Реал Мадрид имаше дуел со играчот на Ливерпул, Собослаи кој се прели и на социјалните мрежи.

Откако даде гол, Ѓулер со прст на носот го замолкнуваше Собослаи.

Одговорот од Унгарецот стигна на социјалните мрежи, под пост за Ѓулер и него, тој само искоментира со бројка „1088“.

Тоа се минутите кои ги одигра Ѓулер оваа сезона за Реал Мадрид. Унгарецот го исмеа Турчинот за малата минутажа која ја има во кралскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани