Гују имал добра причина за заминување од Камп Ноу, Челси му понудил три пати повеќе пари од Барса

by bojan
2 минути читање

Медиумите од Шпанија откриваат детали од трансферот на Марк Гују на „Стемфорд Бриџ“, Челси му понудил три пати поголема плата од Барселона.

Челси за само 6 милиони евра ќе го ангажира перспективниот Марк Гују, кој важи за еден од најперспективните играчи во школата на Барселона, минатата година дебитираше во првиот тим и стана еден од најмладите стрелци во историјата на „каталонците“.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, предлогот на Челси бил далеку попримамлив од оној на Барселона.

„Каталонците“ на напаѓачот му понудиле годишна плата од оклу 2 милиони евра бруто, плус лесно остварливи бонуси.

Сличен предлог добија и прифатија младите Ектор Форт и Марк Касадо, но Марк Гују сметал дека ова не е доволно.

Челси ја искористил ваквата ситуација, му понудил три пати поголема плата, односно 6 милиони евра бруто, па Шпанецот ќе се пресели во Лондон.

Исто така, се верува дека и спортскиот проект на Челси бил попримамлив, „сините“ му ветиле брза интеграција во првиот тим.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани