Гуеи со гол во самиот финиш донесе победа за Кристал Палас и место во топ четири!

by riste
1 минути читање

Кристал Палас со 2-1 победи на гостувањето кај Фулам на Кревин Котиџ благодарение на гол Марк Гуеи во 87. минута од натпреварот.

Кристал Палас дојде во водство релативно рано, Нкетиа постигна гол во 20. минута за предност од 1-0.

Но Фулам изедначи до крајот на првото полувреме, Вилсон реализираше во 38. минута за 1-1.

По осум минути игра Фулам се израдува на нов погодок, но голот на Смит Роу беше поништен поради офсајд.

Течеше 87. минута кога по нафрлување на Пино, Гуеи погоди со глава за победа на Кристал Палас од 2-1.

Со оваа победа Кристал Палас се качи на четвртата позиција на табелата во Премиер лигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×