Грузија ја прегази Бугарија! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Грузија со одлична игра ја совлада Бугарија со убедливи 3-0 во рамките од квалификациите за Светското првенство.

Во Тбилиси уште во првиот дел почнаа маките за источниот сосед кога во 30. минута Кварацхелија ја отвори серијата, а до паузата домашните успеаја да ја зголемат предноста.

Точка на натпреварот стави Микутаѕе во 65. минута, обезбедувајќи им на Грузијците висока победа, додека Бугарија остана закована на дното на групата со катастрофална гол-разлика 0-6.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×