Грозен скандал во Хаити, првиот човек на фудбалот во оваа земја, сексуално злоставувал фудбалерки

by
2 минути читање

Англискиот весник „Гардијан“ излезе со ексклузивна статија за голем скандал во Хаити во кој главната улога ја има претседателот на Фудбалската федерација, Дуду кој веќе 20 е прв човек на фудбалот во оваа земја.

Дел од жрвите собрале храброст да сведочат против моќникот, но засега тоа го прават анонимно.

Според нив, Дуду имал разработено шема во која му помагала и една жена која работела кај него. 

„Една жена која работи таму им прави притисок на девојките да имаат секс со Дуду. Кога тој ќе види девојка која е атрактивна и ќе му се допадне, ја праќаа таа жена да и каже на фудбалерката дека ќе биде исфрлена од тренинг центарот. Девојката обично почнува да плаче, а жената и вели дека единствениот начин да го реши проблемот е да разговара со Даду. Потоа таа се упатува таму и се соочува со сексуална злоупотреба“, тврди една од жрвите за весникот „Гардијан“.

Претседателот на федерацијата, Ив Жан Барт – Дуду, ги негира ваквите обвинувања, велејќи дека ова се прави да се дестабилизира фудбалското раководство во земјата и да се сруши неговиот углед.

„Невозможно е да има сексуално злоставување во нашиот тренинг центар со оглед на физичките структури, принципите на едукација и континуираната свесност што ја имаме на ова место. Ваквите обвинувања се очигледно направени за да се дестабилизира фудбалската федерација, имиџот на претседателот и неговото семејство“, вели Дуду.

Но од другата страна велат дека ова се случувало веќе долго време, имало многу случаи на сексуално злоставување, а една од жртвите била и 17 годишна девојка на која Дуду и ја земал невиноста, таа останала и бремена од него по што морала да абортира.

„Дуду и ја зема невиноста на една од нашите најдобри фудбалерки, таа имаше 17 години, тоа се случи во 2018. Девојката потоа беше принудена да абортира. Девојките кои се наоѓаат во тренинг центарот сакаат да играат фудбал за својата земја и ако проговорат за ситуацијата знаат дека ќе бидат избркани“, вели друга фудбалерка.

Жртвите и нивните родители се плашеле да зборуваат на оваа тема, стравувале за нивните животи. Дуду во Хаити важел за опасен човек.

„Има многу луѓе кои сакаат да зборуваат, но уплашени се, особено родителите на фудбалерките кои останале да живеат на Хаити. Даду успева да ги замолчи сите“, раскажува пријателка на една од жртвите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×