183
Српските медиуми пишуваат дека денеска околу 18 часот на стадионот во Лозница за време на мечот меѓу Раднички од Клупци и Цер од Пецка удрил гром при што десет фудбалери се повредени.
Според „Новости“ едно лице од медицинскиот тим на Раднички веднаш интервенирало на теренот откако десет фудбалери се струполиле по ударот од гром.
Еден од играчите од гостинскиот состав бил потешко повреден, односно морале да го реанимираат на теренот.
„Веднаш интервениравме на теренот. Нашиот тренер Ненад, кој за среќа е здравствен работник, даде помош додека чекавме возило на итна помош“, изјавил судијата Драган Јериниќ.