Грнчаров: Знаеме кој е Зенит, но можеме утре да се радуваме

by
1 минути читање

Вардар утре со почеток од 21:05 го пречекува Зенит во првото коло од групната фаза во Лига Европа. По суспензијата на мечот со Фенербахче во Истанбул, капитенот Бобан Грнчаров се враќа во тимот.

„Играме против клуб кој во 2008 ја освои Лига Европа, знаеме кој е Зенит, знаеме дека ќе биде тешко, но со офанзивна игра и со голема поддршка од публиката можеме да дојдеме до резултат“ – вели Грнчаров.

„Свесни сме за противниците со кои играме, но со добар старт на натпреварите од групната фаза можеме да размислуваме и за пласман во следната рунда“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани