Вардар со
триумфот од 3-1 над Малме во реванш средбата која се одигра во Струмица, успеа
да се пласира во третото коло од квалификациите за пласман во групната фаза од Лигата
на шампионите, откако првиот дуел помеѓу овие две екипи во Шведска, заврши со
нерешен исход 1-1.
Бобан Грчнаров,
по реванш средбата во Струмица издвои дека Вардар играл во грч во почетната
фаза, на кратко додаде дека неговиот тим заслужил да добие пенал во финишот од
првото полувреме, а воедно рече дека сите скептици ги демантирале со добрата
игра.
„Првите 10-15
минути игравме лошо, во грч, потоа почнавме да играме подобро. Не сакам да ги
коментирам одлуките на судијата, но имаше пенал за нас во првото полувреме. Го
дадов најважниот гол во мојата кариера, еден од најважните во историјата на
Вардар. Тие што не веруваа во нас, им покажавме дека Вардар има квалитет“
издвои капитенот на „црвено-црните“ по реванш мечот во Струмица.
Токму искусниот дефанзивец на Вардар го израмни мечот во Струмица по водството на Малме во првиот дел.
Грнчаров додаде
дека е рано да се коментира за Копенхаген, кој се поизвесно е дека ќе му биде
противник на нашиот претставник откако во првиот меч против Жилина на гости
славеше со 1-3, утре го игра реваншот на домашен терен, пред своја публика.