Вардар сосема
заслужено најнапред го израмни мечот против Малме на 1-1 во Струмица по одличниот почеток
во вториот дел, притискаше и во финишот на првото полувреме, но напорите се
исплатеја во почетната фаза од второто полувреме
Наградата за
доминацијата на Вардар стигна во 56. минута, откако по нафрлената топка од
страна на Фелипе, успешно во мрежата од голот на противникот биеше капитенот на
нашиот шампион, искусниот дефанзивец Бобан Грнчаров.
Четири минути по
израмнувањето, прекршок над Фелипе беше направен во казнениот простор на
гостинската екипа, Јотун фаулираше за удар од белата точка.
Фелипе не беше
успешен во обидот, но Барсегјан искористи отпадок и направи комплетен
резултатски пресврт на мечот во Струмица, доведувајќи го Вардар во водство од
2-1.