Грнчаров: До кога за претседател на ФФМ ќе одлучуваат делегати кои би си го продале газот за дневница?

by
2 минути читање

ФФМ одбива да го усогласи Статутот со законот за спорт на Македонија и да го промени начинот на избор на челниците на федерацијата, па наместо како досега да гласаат делегати од Општински фудбалски сојузи, првиот човек да го бираат претставници на клубовите, оние кои вложуваат во оваа игра.

Бобан Грнчаров кој беше капитен на Вардар при историскиот пласман во групната фаза од Лига Европа, распали против ФФМ и начинот на кој се избира претседателот.

„Гледајќи како денеска ФФМ се обидува да го злоупотреби писмото од УЕФА во нивна корист, решив да го кажам мојот став во врска со последните случувања во Федерацијата и причините поради кои ја поздравувам иницијативата на АМС за клубовите да добијат повеќе власт во идното Собрание на ФФМ:

– До кога полуписмени потрчковци, кои топка не шутнале во живот, ќе одлучуваат за судбината на сите што животот го посветиле на овој спорт?

– Зошто претседателот и сите фотељаши околу него имаат страв да го усогласат Статутот со Законот за спорт? Па, дајте им шанса на клубовите со своите претставници во Собранието на ФФМ да одлучуваат за своите пари што ги даваат. Никој не сака да зависи од некои фаци кои би го продале гзот за една делегатска дневница.

– Ако вие, што велите дека сте лидери на ФФМ, сте толку убедени дека сте на правиот пат, не гледам причина зошто не би продолжиле и понатаму, но само ако сте избрани на легитимен пат, а не подмолно и незаконски како што се правите сега!

– И престанете да се криете зад успесите на репрезентацијата. Тоа е успех само на тие што изгинаа на теренот, а не на јагнешката бригада од Управниот одбор. Успехот е на Гоче, Ељиф, Барди, Алиоски, Боби и сите други што крв проплукаа за да одат на ЕП 2021.

А финтите со суспензија од ФИФА одамна не важат веќе дечки.

Никој нема да поддржува криминалци. Прочитани сте тука дома, ќе ве дознаат многу брзо и таму!“, напиша Грнчаров на својот фејсбук профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×