114
Маурицио Сари не сака да лета, па предводникот на Наполи гледа по секоја цена да ги избегне патувањата со авион.
Наполи вчера имаше чартер лет за гостувањето кај Болоња, но експедицијата на „Наполитанците“ полета без тренерот.
Како што пренесуваат медиумите од Италија, невремето и грмотевиците биле причините за стратегот да не се качи во авионот и со воз да отпатува за Болоња.
Патувањето со воз е покомфорно за Маурицо Сари, кој ќе може да запали и некоја цигара пред да стигне до саканата дестинација