„Гризна противник, како може да барате толку пари?” –откриени детали од преговорите за трансферот на Суарез

by
2 минути читање

Уругваецот во
2014 се пресели на Камп Ноу во трансфер вреден околу 80 милиони евра, а од
таборот на Ливерпул откриваат дека преговорите биле прилично сложени со оглед
на тоа дека Луис Суарез тогаш го гризна Џорџо Киелини на мундијалот во Бразил.

Барселона се
обидела да го искористи овој инцидент за да добие попуст, но клубот од Енфилд
не сакал да слушне за намалување на цената.

„Еден од
најтешките трансфер ми беше оној на Суарез
– открива поранешниот генерален извршен директор.

„Прво поради тоа
што никој во Ливерпул не сакаше тој да замине, и второ, за време на преговорите
тој гризна противник на Светското првенство
.

„Спортскиот
директор на Барса ми се јави уште за време на натпреварот, веднаш штом Суарез
го гризна Киелини. Ми рече: „Пријателе, тој гризна противник, како може ова да е
цената?“
.

„Му вратив: „Тој
веќе имаше гризнато играч и кога ја доставивте првата понуда!“

Иан Ер мисли на инцидентот на Луис Суарез од времето кога го носеше дресот на Ајакс, кога гризна противник на дербити со ПСВ во 2010.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани