Филипе Луис смета дека Антоан Гризман ќе биде дел од
Атлетико Мадрид уште долги години, а приказните околу наводната преселба на
Французинот во Манчестер јунајтед била само привлекување на внимание околу
себе, за фудбалерот да си обезбеди побогат договор во клубот.
„Тој (Гризман) е момче кое зборува премногу јасно“ рече
Луис во изјава за „Ел Мундо“.
„Често фудбалерите кога се незадоволни од третманот во
клубот, или пак нивната заработувачка, знаат да зборуваат на таа тема, да се
отворат пред останатите. Потоа, тие добиваат на внимание, тој може да има многу
понуди, од голем број екипи“ додаде Бразилецот.
Атлетико Мадрид откако доби суспензија за регистрација на
фудбалери до 2018. година, Гризман донесе одлука да остане во клубот а воедно
потпиша и нов договор кој му донесе неделна плата од 260.000 евра.
Португалскиот стратег од клупата на премиерлигашот, Жозе
Мурињо подолг период го има таргетирано Гризман за една од најголемите желби за
засилување во тимот, иако беше блиску до тоа, сепак неговата желба не се
оствари.
„Фудбалер од негова величина сака да биде дел од
најголемите и најбогатите фудбалски договори. И, тоа е фер, Гризман е одличен
во тимот. Како и да е, за сите разговори околу клубовите кои се заинтересирани
за него, тој секогаш сакаше да остане овде, и се уште е дел од тимот, среќен е
тука…“ тврди Луис.
„Сигурен сум дека ќе остане во Атлетико Мадрид уште долго
време, се надеваме дека навивачите ќе го разберат сево ова и се ќе се врати во
нормална насока, тој постигнува голови, а головите значат многу за една екипа“
заврши фудбалерот на Атлетико Мадрид.