Гризман: Во четвртфиналето ќе играм против кумот на ќерка ми, ќе биде емотивно!

by
1 минути читање

Капитенот на Уругвај, Диего Годин е кум на ќерката на неговиот соиграч од Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

„Диего е мој голем пријател. Со него се дружам секој ден, на теренот и надвор од него, а тој ја крстеше и мојата најмала ќерка. Тоа ќе биде фантастичен и многу емотивен меч за мене“, изјави Гризман.

„Диего ми е пријател откога дојдов во Атлетико, а Уругвај е земја која многу ја сакам и ја почитувам“.

Антоан Гризман го пофали и Единсон Кавани кој беше клучен во победата над Португалија постигнувајќи два гола за Уругвај. Сепак напаѓачот е неизвесен поради повреда, не се знае дали ќе може да настапи против Франција.

„Тој е фантастичен напаѓач бидејќи работи за тимот, прави простор и не му се потребни многу шанси за да даде гол. Ќе ми биде многу жал ако не биде таму поради повреда. Уругвај ќе игра цврсто, ќе врши притисок на судиите. Тоа го правиме во Атлетико исто така. Мечот ќе биде тежок и ние ќе ги притискаме нивните одбрамбени играчи. Тие ќеиграат тврди 4-4-2 и ќе даваат се од себе. Му се дивам на Кавани и на таквиот стил на игра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани