Клубот од „Ванда Метрополитано“ вчера жестоко реагираше на изјавите на Жозеп Мариа Бартомеу, ја обвини Барселона дека лаже и порача дека нема да преговара за продажба на Антоан Гризман, па „каталонците“ ќе мора да искешираат 120 милиони евра.
Атлетико Мадрид исто така пренесе дека му се дадени инструкции на Антоан Гризман кој мора да се појави во недела на подготовките за новата сезона, или следува казна.
Но ваквиот став на „колчонероси“ го налутиле играчот, и според пишувањата на Марка, Французинот нема намера да се врати во Мадрид.
Тој веќе ги известил лидерите на клубот дека нема да се појави утре на тренинг. Антоан Гризман е убеден дека на еден или друг начин неговиот трансфер ќе се реализира следната недела. Доколку Атлетико не покаже волја за преговори, Барселона ќе ја актиира откупната клаузула.