Голем навивач на
Антоан Гризман пред две години на социјалните мрежи предвиде дека францускиот
напаѓач ќе направи трансфер во Барселона, тоа се оствари и се стави крај на
сагата со напаѓачот која траеше долго.
Освен тоа, навивачот,
потпишан како „Фер“, тогаш имаше и ветување дека секојдневно ќе објавува
фотографии од Французинот се’ до денот кога тој ќе потпише со Каталонците, а сега доби одговор од
ѕвездата на тимот од Камп Ноу.
class="twitter-tweet" data-lang="en">
class="twitter-tweet" data-lang="en">
Гризман во текот
на вчерашниот ден и официјално стана член на Барселона, веројатно ќе има и „трето
полувреме“ откако Атлетико Мадрид најави тужби поради неправилности во тој
трансфер, а што се однесува пак до навивачот, за него ова е остварување на
сонот.