Гризман со порака до Паје: Мбапе ќе не седне на клупа (ФОТО)

by
1 минути читање

Со добрите игри
во дресот на Монако, 18 годишниот Килијан Мпабе доби повик од Дидје Дешам за
настап во репрезентацијата на Франција.

Очигледно на
Килијан Мбапе не му требаше многу време да ги импресионира своите колеги од
дресот на „Триколорите“.

По денешниот
тренинг, Антоан Гризман се огласи на социјалните мрежи и кажа што мисли за
талентираниот напаѓач на Монако.

„Да Дим! Овој ќе
не седне на клупа

гласеше пораката што фудбалерот на Атлетико Мадрид ја упати до Димитри Паје на Инстаграм.

Антоан Гризман во
моментов е прва ѕвезда на Франција и заедно со Димитри Паје беа едни од
најдобрите поединци на Европското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани