Кристијано
Роналдо, Мохамед Салах и Лука Модриќ се тројцата фудбалери номинирани за
наградата „Најдобар“, изоставени од изборот се ѕвезди од типот на Лионел
Меси и Антоан Гризман, вториот ја подигна светската титула од првенството во
Русија со својата селекција Франција.
Токму фудбалерот
на Атлетико Мадрид е зачуден на овој избор, вели дека заслужил да се најде во
конкуренцијата и додаде дека чудно е тоа што токму ФИФА ја врачила светската
титула, а ниту еден од тој состав на Триколорите не се најде во изборот.
„Заслужив да се
најдам во топ 3, пред две години изгубив во две финалиња и бев во конкуренција,
а оваа година победив во три финалиња и не сум во конкуренција“ изјави Гризман.
„Чудно е тоа што
токму ФИФА не награди со трофеј на Мундијалот, а нема ниту еден од нас во
изборот за најдобар фудбалер, изненадувачки е…“ додаде офанзивецот на
Атлетико Мадрид.