Гризман останува во Атлетико Мадрид, Јунајтед разгледува друи опции

by
0 минути читање

Долго се пишуваше дека Гризман ќе биде ново засилување на Манчестер јунајтед, но најверојатно тоа нема да се случи.

Атлетико Мадрид доби забрана за трансфери, не може да ангажира нови фудбалери, а Гризман сака да му се оддолжи на клубот и нема да замине ова лето.

Шпанските медиуми пишуваат дека Гризман вчера имал контакт со Манчестер јунајтед и го информирал англискиот клуб дека останува во Атлетико Мадрид.

Јунајтед сега ќе се фокусира на други цели кога офанзивата е во прашање, се шпекулира за Ромелу Лукаку и Андреа Белоти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани